Дете од Сирија зборува норвешки после 20 дена во Норвешка

Четиринаесет годишниот Јаман Кафарнави кој од Сирија во Норвешка дошол пред 20 дена, веќе го совладува норвешкиот јазик. Една норвешка телевизија го посетила Јаман во неделата, а момчето покажало дека го разбира норвешкиот јазик и може да одговара на некои поедноставни прашања. Сите биле импресионирани од неговиот акцент и интонацијата со која зборува.

„Јас сум Јаман, имам 14 години, доаѓам од Алепо, Сирија“, рекол тој. „Мислам дека норвешкиот јазик е лесен, само што има некои нови букви, како  Æ – Ø“, додал тој. Потоа Јамен ја ставил раката на срцето и почнал да ја пее норвешката химна.

Фахад Аби кој е волонтер во кампот со бегалци, верува дека Јаман течно ќе зборува норвешки пред да заврши оваа година.
„Јаман мисли дека може да го совлада јазикот во наредните три месеци, но јас мислам дека ќе му биде потребно многу помалку од тоа“, изјави Фахад. „Јаман е посебно момче. Јас верувам во него“, додаде тој.

Јаман стигнал во Норвешка преку Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија, Австрија и Германија. Тој престојува во Осло со својата мајка и четиригодишниот брат. Сонува да стане доктор.