За нас

Во потрага по подобра работа и живот, сѐ поголем е бројот на луѓе кои ја напуштаат државата и заминуваат во странство. Но, барањето работа не е едноставно. Заради недостигот на корисни информации на македонски јазик, група млади ентузијасти решија да формираат веб сајт кој ќе им помогне на сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за вработувањето во странство. Емигрико нуди корисни информации за трајна, привремена или сезонска работа. Како да аплицирате за работа, дефицитарни кадри, потребни документи, квалификации, работни дозволи, дозволи за престој, добивање државјанство, програми за емиграција, лични искуства, нешто повеќе за животот во странство, како и интересни занимливости – сето тоа на едно место.