Норвешка ќе им дели по 10.000 круни на азилантите за да си заминат

Migrants queue in the compound outside the Berlin Office of Health and Social Affairs (LAGESO) as they wait to register in Berlin, Germany, October 7, 2015. REUTERS/Fabrizio Bensch

Норвешката Дирекција за имиграција (Utlendingsdirektoratet – UDI) им нуди по 10.000 круни на барателите на азил за доброволно да ја напуштат земјата. UDI ќе им даде и дополнителни 10.000 круни на првите 500 баратели на азил кои ќе аплицираат за враќање во нивните матични земји. Почнувајќи од 26 април, можноста за аплицирање ќе трае шест недели, на принципот прв дојден-прв услужен.

„Ова ќе ни заштеди многу пари, бидејќи да се одржуваат центрите за азил чини многу повеќе од тоа“, изјави министерката Силви Листенг.

Дополнително на оние 20.000 круни кои азилантите можат да ги добијат, Норвешка ќе вложи и по 10.000 круни плус, во патните трошоци. За да се квалификуваат за овие дополнителни 10.000 круни, барателите на азил мора да биле пристигнати во Норвешка пред 1 април, и да не им изминал рокот за легален престој во земјата.