Програма за сезонска работа во Нов Зеланд (RSE)

Directly above photograph of an application for a visa.

Доколку живеете во странство, имате над 18 години, а сакате работа во Нов Зеланд во областа на хортикултурата и лозарството, ќе ви биде потребна виза под називот Recognised Seasonal Employer која спаѓа во програмата за сезонска работа во оваа држава. Она што треба да го имате предвид е дека бројот на вакви визи за Нов Зеланд се ограничени на годишно ниво.

Услови кои треба да ги исполнувате за да се квалификувате за ваква виза:
– да живеете во странство;
– да имате над 18 години;
– да бидете во добра здравствена состојба;
– да имате вистинска намера да работите во Нов Зеланд;
– да ви биде одобрено здравствено осигурување;
– да имате понуда за работа од работодавач во Нов Зеланд.

За да ја видите листата на работодавачи кои се опфатени во оваа програма, кликнете на следниот линк.

Пред да ви биде издадена виза, треба да поминете на одредени здравствени прегледи кои најчесто вклучуваат ХИВ тест. Ако не доаѓате од држава која има ниска стапка на туберкулоза, ќе подлежите и на тестирања и рентген снимања на градниот кош.

Постојат неколку ограничувања кои морате да ги запазите доколку добиете ваква виза:
– морате да го напушти Нов Зеланд најдоцна до истекот на визата;
– не смеете да поднесете барање за друга виза додека сте во Нов Зеланд (можете да побарате продолжување на истиот тип на виза);
Доколку незаконски останете во Нов Зеланд по истекот на визата, итно ќе бидете депортирани во вашата матична земја.

Аплицирање за RSE виза
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, аплицирањето за ваква виза е на следниот начин:
– треба да го пополните формуларот за аплицирање за работа во Нов Зеланд кој можете да го најдете на следниот линк;
– да приложите уверение за вашата здравствена состојба, како и сите дополнителни потврди кои ви се потребни;
– да ја платите потребната такса.

За да дознаете каде треба да ја испратите апликацијата, искористете ја Office and fees finder алатката која можете да ја најдете на следниот линк. Ова зависи од вашето државјанство, земјата на престој, како и типот на виза за која аплицирате.

За повеќе информации за овој тип на виза, прочитајте го Упатството кое можете да го најдете на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија