Бесплатни јазични курсеви за доселениците во Норвешка

„Каритас“ е информативен центар со седиште во Осло, кој во 2011 започна да нуди бесплатни курсеви по норвешки јазик за доселенците во оваа земја. Курсевите започнуваат во првата недела на септември, а се водени од страна на волонтери. Овие курсеви се бесплатни и имаат за цел да им помогнат на странските работници да успеат да најдат работа во Норвешка. Познавањето на норвешкиот јазик не само што е предност, туку и многупати е услов за вработување.

Во овој центар доселениците добиваат можност не само да го научат и усовршат норвешкиот јазик, туку и да научат нешто повеќе за норвешкото општество и работната средина.

Курсевите се одржуваат на неколку локации во Осло, а се однесуваат на ниво А1, А2 и B1.

Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија