Виза за приклучување деца кон родители – Германија

Термини можат да се закажат само онлајн преку веб страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

  • 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
  • 2 биометриски фотографии од понов датум.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
  • Меѓународен извод на родени, во оригинал и 2 копии
  • Пријава за местото на живеење на родителите во Германија, во оригинал и 2 копии
  • Копија од пасошите на родителите, со копија од визите за престој во Германија, 2 копии
  • Во конкретен случај и решение за посвојување на дете, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
  • Малолетните деца од 16 – 18 години дополнително мора да приложат јазичен сертификат Ц1 (С1) од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или „ОСД Сертификат“ австриска јазична диплома, („Österreichisches Sprachdiplom“), во оригинал и 2 копии.
  • Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат.

Доколку детето патува кај едниот родител, односно едниот родител останува во Македонија, дополнително ќе треба да се достави:

  • Пријава за местото на живеење од родителот што живее во Германија, во оригинал и 2 копии
  • Копија од пасошот од родителот што живее во Германија, со копија од визата за престој во Германија, по 2 копии
  • Во конкретен случај и решение за развод со решение за старателство, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии
  • Нотарска согласност, со апостил печат, од родителот кој останува во Македонија за иселување во странство, со своерачен потпис, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии
  • Нотарски заверена копија од пасошот, со апостил печат, на родителот кој останува во Македонија, 2 копии

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија