Визер со нова авионска линија Скопје-Хановер

Нискобуџетната авиокомпанија Визер, неодамна најави нова линија Скопје-Хановер која треба да биде воведена од 1 октомври. Засега предвидено е на оваа линија да има два лета неделно, во вторник и сабота. Оние кои сакаат да патуваат на оваа релација, можат уште веднаш да купат карти на официјалниот сајт на Визер wizzair.com со почетна цена од 1.119 денари.

Со оваа нова линија, Визер сега нуди 25 рути во 11 држави од двата аеродроми во Македонија, Скопје и Охрид.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија