„Визер“ со три нови дестинации од скопскиот аеродром

Од наредната година, авиокомпанијата „Визер“ ќе воведе уште три нови дестинации од скопскиот аеродром и тоа кон Берлин, Братислава и Копенхаген. Летовите кон Берлин треба да започнат на 21 март, додека пак кон Копенхаген и Братислава ќе почнат на 22 и 28 март.

Оваа нискобуџетна авиокомпанија засега на македонските граѓани им нуди вкупно 24 рути во 11 држави. Покрај аеродромот во Скопје, „Визер“ има летови и од аеродромот во Охрид.

Картите за новите дестинации веќе можете да ги купите на веб сајтот на „Визер“ со почетна цена од 599 денари.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија