Високо образовани, a невработени

Високото образование не е гаранција за постојана работа. Во секоја држава меѓу невработените има и лица со високо образование, па дури и во Швајцарија. Во Швајцарија бројот на високо образовани луѓе кои се невработени, се зголеми речиси двојно во последните десет години, достигнувајќи до бројка од 30.000.

Според експертите, причина за ова делумно е фактот што работната сила станува сè повеќе квалификувана. На пазарот на труд се појавува поголема конкуренција меѓу работниците. Покрај тоа, сè повеќе квалификувана работна сила се регрутира во странство.

За професионалец со долгогодишно работно искуство кој е невработен, барањето работа може да биде фрустрирачки. Таквите лица можат да бидат одбиени бидејќи се преквалификувани, а во исто време се соочуваат со постојаното зголемување на конкуренцијата.

За да се ​​справи со овој проблем, Цирих, како и другите кантони во Швајцарија, иницираше програми за помош на квалификувани лица кои бараат работа. Овие програми се водени од страна на ментори волонтери кои доаѓаат од раководни позиции и се на иста линија како и невработените. На овој начин, тие им помогаат на невработените ширејќи ја нивната мрежа на контакти кои потоа би им помогнале во вработувањето.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија