Во кои држави граѓаните заштедуваат најголем дел од платата

Кога станува збор за заштедувањето пари, семејните касички во различни држави – различно тежат. Според истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), ова се должи на неколку фактори како што се даночните стапки, стапката на невработеност, приходите, трошоците, долгот на државата и слично. Сепак, некои од овие фактори покажуваат обратнопропорционални резултати. Имено, иако Португалија и Шпанија се меѓу државите со најниски даночни стапки, нивните граѓани не успеваат да заштедат толку пари колку што се очекува. Од друга страна пак, Белгија има високи даноци, но и високо котира на листата кога е во прашање заштедувањето. Ова покажува дека покрај економските причини, семејната заштеда во голема мера зависи и од тоа колку рационално и умерено се трошат парите.

А еве во кои држави граѓаните успеваат да заштедат најголем дел од приходите:

10. Австрија
Австријците од своите приходи одвојуваат дури 32,7% за даноци и социјално осигурување. Но, и покрај тоа, оваа земја е трета по ред на листата држави со најголеми приходи меѓу земјите на ОЕЦД. Едноставно кажано, Австријците имаат многу пари. Ова делумно се должи на фактот дека голем број Австријци работат повеќе од просечното работно време. По плаќање на даноците, Австријците заштедуваат 9,1% од своите приходи.

9. Австралија
Австралија е една од ретките земји кои излезе релативно неповредена од глобалната економска криза. Стапката на невработеност во Австралија остана ниска, а приходите на домаќинствата сè уште се високи. Владата не зема данок за социјално осигурување, а жителите трошат само 22% од нивните приходи на даноци. Ова резултираше со заштеда од 9.3%.

8. Португалија
Жителите на Португалија успеваат да заштедат речиси 10% од приходите. Со оглед на економска состојба во земјата, тоа се одлични резултати. Во 2010 година, земјата имаше стапка на невработеност од 12%. Истата година, долгот на Владата изнесуваше 103.1% од БДП. Просечниот работник во Португалија заработува помалку од 25.000 долари годишно, што е резултат на ниското ниво на образование во земјата. Само 28,25% од Португалците на возраст меѓу 25 и 54 години, имаат средно или високо образование.

7. Швајцарија
Швајцарците се познати по високите плати и нивната економичност. Според резултатите на ОЕЦД, швајцарските домаќинства се на прво место по нивното богатство, а Швајцарија е на третото место кога се во прашање ниските даноци на доход. Швајцарија заедно со Норвешка, се единствените земји на ОЕЦД кои имаат буџетски вишок, додека пак државниот долг на Швајцарија е еден од најниските во светот.

6. Шведска
Листата не би била комплетна ако на неа ја нема Шведска – земјата со една од најстабилните економии во светот, ниска невработеност, како и високообразован народ. Сето ова резултира со заштеда од 10.8%.

5. Германија
Иако оваа земја е меѓу оние со највисоки даноци во ОЕЦД, нејзините граѓани успеваат да заштедат 11.4% од вкупните приходи. И покрај тоа што дури 40% од платата на Германците оди за даноци и социјално осигурување, просечниот расположлив приход на жителите сè уште е прилично висок.

4. Белгија
Од земјите на ОЕЦД, Белгија има највисоки даноци. 41,5% од вкупната заработувачка на граѓаните, завршува во државната каса. Од она што им останува, Белгијците успеваат да заштедат 12,2%.

3. Шпанија
Можеби ова навистина ќе ве изненади, но Шпанија успеа да се искачи на третото место меѓу државите каде граѓаните штедат најмногу. Чудно, зар не? Економијата на Шпанија е во ужасна состојба, а нивото на невработеност е меѓу највисоките во ЕУ. Но, и покрај тоа, Шпанците успеваат да заштедат дури 18% од нивните приходи.

2. Франција
Стапката на штедење кај Французите се зголеми во текот на последните години, а ова веројатно се должи на добрата стратегија на владата за излез од економската криза и справување со невработеноста. Заштедата на Французите изнесува 16% од вкупните приходи.

1. Ирска
Ирска некогаш ја имаше најстабилната и најбрзо растечка економија во Европа. Тоа се промени во текот на економската криза, кога буџетот на оваа држава достигна дефицит од дури 32,4%. Долгот на земјата се зголемуваше, а Ирска постигна рекордна невработеност. Поради сето ова, граѓаните почнаа порационално да ги трошат нивните плати, а со тоа и да заштедуваат многу повеќе. Ова ја стави Ирска на врвот на листата, со дури 19.3% заштеда од семејниот буџет.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија