Во што е најдобра секоја ЕУ држава?

Европската Унија има 28 држави членки, но секоја од нив е уникатна на свој начин. Thrillist изработи мапа на ЕУ во која покажува во што е најдобра секоја држава.

1

Австрија: Најниска стапка на невработеност
Во текот на минатата година, Австрија ја имаше најниска стапка на невработеност од 4,9%.

Белгија: Рециклирање
Белгија е на прво место во рециклирање на ѓубрето. Заедно со Швеѓаните, Белгијците имаат највисока еколошка свест во Европа.

Бугарија: Најевтина електрична енергија
Можеби се најнесреќната нација во ЕУ, но Бугарите барем имаат најевтина струја.

Хрватска: Најмалку пријави за нарушување ред и мир
Граѓаните на Хрватска живеат во мир и тишина, а доказ за тоа се пријавите за нарушување ред и мир. Само 10% од Хрватите имале вакви пријави.

Кипар: Најдобари во справувањето со пари
Дури 78% од Кипарците изјавиле дека немаат проблем да ракуваат и да прават разлика на евро монетите, а 91% изјавиле дека би можеле да ги разликуваат банкнотите.

Чешка: Најдобри во пиење пиво
Чесите имаат најголема потрошувачка на пиво во светот, со годишна стапка од 148,6 литри по глава на жител.

Данска: Танцување и пеење
Не е ни чудо што Данците сакаат да танцуваат и пеат. Во март оваа година, Европска агенција за статистика Еуростат објави податоци според кои најсреќна нација во Европа се токму Данците.

2

Естонија: Најрационални во трошењето
Ако Белгијците се први во рециклирање на ѓубрето, Естонците се најрационални во трошењето и максималното искористување на продуктите.

Финска: Најмногу туристи
Според статистиките, Финците се народ кој најмногу патува, најчесто низ европските земји.

Франција: Најмалку дебели луѓе
Можеби е тешко да поверувате, бидејќи Франција е земја на мекото сирење и вкусните векни леб, но ова е вистина.

Германија: Најсреќни работници
Овој податок е веројатно најмалку шокантен. Германија е прва во обезбедување работни услови и плати, што ја прави држава со најсреќни работници.

Грција: Најниска стапка на туберкулоза
Оваа држава има стапка од само 5 случаи на 100.000 жители.

Унгарија: Најмалку затајување на данок
На сите некогаш ни се случило да избегнеме плаќање на данок, но според податоците Унгарците се граѓани на ЕУ кои најмалку го прават ова.

Ирска: Најмалку разводи
Ирска има најниска стапка на разводи, а исто така и највисока стапка на наталитет. Ова е држава која навистина ги штити семејните вредности.

3

Италија: Најголем очекуван животен век
Италијанците имаат најголем очекуван животен век од 82,03 години.

Летонија: Најдарежливи кон јавните службеници
Летонците се познати по тоа што се великодушен народ, но најзачудувачки е фактот според кој тие често даваат подароци на јавните службеници.

Литванија: Најмногу ученици кои завршиле средно училиште
Дури 93,4% од Литванците завршиле средно училиште.

Луксембург: Познавање на повеќе странски јазици
Оваа држава има три официјални јазици, па не е ни чудно што дури 61% од граѓаните зборуваат три странски јазици на разговорно ниво.

Малта: Најголем оптимист за иднината
Според истражувањата, жителите на Малта се покажале како најголеми оптимисти за иднината.

Холандија: Најмногу граѓани кои се откажале од пушењето
30% од Холанѓаните успеале да се откажат од пушењето цигари, што ја става оваа држава на прво место во ЕУ.

Полска: Најголемиот производител на јаболка
Полска произведува повеќе од 3 милиони тони јаболка на годишно ниво.

4

Португалија: Најголемо производство на плута
Речиси половина од светското снабдување со плута доаѓа од Португалија (дури 49,6%). Сетете се на овој податок кога ќе пиете вино.

Романија: Најмала употреба на кокаин
Романците се нација која најмалку конзумира кокаин.

Словачка: Најголемо работно искуство со роботи
Ова е вистинска статистика – повеќето Словаци изјавиле дека работеле со робот, дома или на училиште.

Словенија: Најмалку мајки тинејџерки
Оваа земја има најниска стапка на тинејџерки кои станале мајки.

Шпанија: Најпопуларна Еразмус дестинација
Шпанија е најпопуларна дестинација за студенти кои сакаат да студираат во странство.

Шведска: Најмногу интернет корисници
94,8% од Швеѓаните имаат пристап до интернет.

Велика Британија: Најниска стапка на убиства
Оваа држава има најниска стапка на убиства. Само 0,3 на 100.000 жители.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија