Германија сака да го укине рокот на производите

Германскиот министер за земјоделство, Кристијан Шмит се залага да се укине одредбата за препорачан рок на употреба на прехранбените производи. Тоа всушност не е реален рок на траење на храната, објаснува тој.

Секој од речиси 80-те милиони граѓани на Германија секоја година фрла во отпад 82 килограми прехранбени производи – значи, во целата земја во ѓубре завршуваат повеќе од 6,5 милиони тони храна годишно! По правило, само малку од фрлените производи се навистина расипани и им поминал рокот по кој тие можат да бидат опасни по здравјето на потрошувачот.
Значи често се случува во отпад да завршат производи на кои им поминал рокот кој е означен како „препорачан рок за употреба“. Тоа е всушност еластичен поим: до тој датум производителот гарантира дека производот ќе ги има особините кои би требало да се однесуваат на вкусот, мирисот, бојата, конзистенција и хранлива вредност. По тој датум, многу е веројатно дека производот ќе ги задржи тие својства и можеби ќе помине долго време додека производот навистина се расипе.
Се покажа оти производителите се прилично „штедливи“ во тие препорачани датуми, поради тоа што сметаат дека, ако потрошувачот го фрли призводот додека можеби е се’ уште добар, тој најверојатно потоа едноставно ќе купи – нов. Резултатот е куп фрлена храна. Тоа германскиот министер го наведе да започне иницијатива за укинување на ознаките „препорачан рок на употреба“: „Масовно фрламе добри производи затоа што производителите оставија преголеми безбедносни периоди до рокот кога производот ќе се расипе“, изјави министерот Кристијан Шмит за медиумската група „Функе“.
0,,17189957_401,00

Чип на пакување на јогурт
Таков препорачан рок на употреба во Германија е воведен уште пред 30 години и тој само во ретки случаи навистина има смисла. Тоа е случај особено кај некои пекарски производи, како крекери или двопек – тие можеби ќе можат да се јадат и неколку години по истекот на рокот, но можеби нема да бидат крцкави како што биле по напуштање на фабриката. Кај некои производи „препорачаниот рок“ едвај да има смисла: подморските археолози најдоа амфори од античкиот период со вино или маслиново масло- тие за волја на вистината и не биле премногу вкусни, но не биле ни отровни. Кај некои производи тоа е навистина во целост бесмислено- кај шеќерот или солта, „препорачаниот рок“ е веќе укинат.
Секако дека министерот Шмит кој е на чело на Министерството за исхрана и земјоделство и во чиј состав е и независната Канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната, не сака со тоа на германските потрошувачи да им наметне штетни или расипани производи. Тој се залага таквите ознаки за трајност на производот да се заменат со „интелегентни пакувања“ какви што веќе одамна се достапни: „Во пакувањата како што се чашите за јогурт може да се вгради чип“, објаснува министерот. Тој чип може да мери како содржината на производот се менува од ден во ден. Може, на пример, да се постави скала во бои, од зелена до црвена, и секој потрошувач може сам да одлучи до која нијанса сака да го конзумира производот.

Не само етичко, туку и прашање на пари
Исто така, кај пакуваното месо производителите експериментираат со налепници кои ја менуваат бојата ако во производот се јавуваат хемиски соединенија кои укажуваат на тоа дека месото е расипано. Веќе по бојата на налепницата потрошувачот може да види дали тоа месо може да се најде во тавче или во отпад. И самото германското министерство помага за развојот на таквите интелигентни пакувања, а првите разултати би требало да бидат претставени за 3 години.
Поимот препорачан рок на употреба е преземен во цела ЕУ, но германскиот министер тврди дека и на европско ниво се шири свеста за тоа оти нашето општество едноставно фрла премногу добра храна. Тоа не е само етичко прашање, со оглед на милионите луѓе на планетата кои гладуваат, туку тоа сосема конкретно и нас нѐ „удира по џеб“. Според резултатите на истражувањето на универзитетот од Штутгарт од 2012. година, Германците годишно фрлаат во отпад храна во вредност од 16,6 до 21,6 милијарди евра. Тоа значи дека секој граѓанин на Германија секоја година фрла во отпад од 200 до 260 евра во форма на храна која најверојатно сѐ уште можел да ја јаде.

Извор: dw.de

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија