Данска ќе воведе повеќе ограничувања за добивање азил

Данската влада изјави дека ќе воведе рестриктивни мерки, ако бројот на странци кои бараат азил во Данска не почне да се намалува. Не е прецизирано кои конкретни мерки ќе бидат преземени, единствено беше истакнато дека владата на овие лица ќе им забрани пристап до услуги како што се здравството.

Министерката за имиграција Ингер Стојберг изјави дека Владата, која стапи на должност минатата недела, има многу јасна цел да го намали бројот на барателите на азил во Данска.

 Бројот на баратели на азил во Данска речиси двојно се зголеми во 2014 година. Имено, минатата година 14.815 странци поднеле барање за азил, додека пак во 2013 таа бројка изнесуваше 7557.

 За владиниот предлог треба да се изјасни Парламентот, а ако биде изгласан, новата мерка ќе стапи во сила на 1 септември.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија