Децата на екстремистите лишени од австралиско државјанство

Австралиската влада минатата недела го изгласа контроверзниот закон, според кој од државјанство ќе може да ги лишува децата на екстремистите кои војуваат за групи во странство.
Според овој закон, децата на жителите со двојно државјанство автоматски ќе го изгубат австралиското државјанство, ако нивните родители се борат за терористичка организација надвор од Австралија.

Некои австралиски активисти се против ваквите намерите на државата да ги лишува граѓаните од нивната националност, врз основа на владините дефиниции кои одредуваат што е тероризам и терористичка активност. Сепак, австралиската влада тврди дека слични решенија ќе можат да бидат оспорени на суд, а за терористичка организација ќе се смета секоја организација која се противи на Австралија и австралиските вредности, демократски верувања, права и слободи.

Законот ќе важи и ретроактивно, за луѓе кои веќе се осудувани за тероризам.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија