Дискриминација при вработување во Швајцарија

Иако дискриминацијата како појава е тешка да се докаже, сепак според некои истражувања на пазарот на труд во Швајцарија, странците многу често се дискриминирани при вработувањето, поради својата националност.

Имено, странците, па дури и оние кои се од втора генерација на доселеници, многу почесто наидуваат на проблеми при наоѓањето работа. Покрај тоа, мажите заработуваат повеќе од жените, а исто така дискриминирани се и постарите работници пред кои предност имаат помладите.

Една неодамнешна конференција при Универзитетот за применети науки во Берн, ги здружи академците и креаторите на швајцарската политика, со цел да се реши ова прашање. Еден од најјасните начините преку кои може да се утврди дискриминацијата во Швајцарија, е во различната висина на плата која ја земаат мажите за разлика од жените. Но, дискриминацијата може да се забележи дури и порано, во фазата на аплицирање за работа.

Саша Бекер кој е професор по економија при Универзитетот во Ворвик во Велика Британија, вели дека студијата го покажува следното – младите кои се доселени или пак имаат таква позадина, се соочуваат со поголеми тешкотии при вработување во Швајцарија.

Ова студија беше спроведена во 2006 година, при што беше извршено испраќање на фиктивни биографии од подеднакво квалификувани луѓе од различна етничка припадност. Резултатите покажале дека Португалците кои живеат во деловите на Швајцарија каде се зборува француски, се најмалку дискриминирани. Додека пак најголема дискриминација од дури 59%, искусиле Албанците во германскиот дел на Швајцарија.

Странците исто така имаат поголем ризик за невработеност во Швајцарија, покажува студијата.
„Стапките на невработеност се многу пониски кај швајцарските државјани“, вели Бекер.

Идно решение за овој проблем, експертите гледаат во добрата едукација,  образование и приправнички стаж. Еден од предлозите беше странците да добијат можност да се вработат во некоја швајцарска компанија, обврзувајќи се да вратат една месечна плата на годишно ниво, во период од 5 години.

При спроведените истражувања, многу странци се изјасниле дека Швајцарија треба да им даде можност и на доселениците, бидејќи во оваа држава доаѓа мошне образован и висококвалификуван кадар.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија