Држави со најдобри услови за невработените

Секоја држава освен за намалување на невработеноста, мора да се грижи и за невработените. Но, доколку направиме споредба меѓу државите во светот, ќе видиме дека социјални бенефиции варираат во голема мера. А еве во кои држави е најубаво да си невработен.

Естонија
Со население од само 1,5 милиони, оваа балтичка држава нема многу голем буџет за социјална помош. Сепак, за разлика од многу земји, голем дел од работите граѓаните можат да ги направат онлајн, со што немаат административни трошоци.

Што се однесува до невработеноста, корисници на додаток добиваат паушал од 4,01 € на ден. Естонија има и дарежлива политика во однос на родителското отсуство – ваквиот надоместок се плаќа за 435 дена, во висина од просечниот месечен приход на родителите за претходната календарска година. Исто така, родителите имаат право да отсуствуваат од работа за да се грижат за децата додека не наполнат три години.

Франција
Франција е меѓу најдарежливите европски држави кога е во прашање надоместокот за невработеност. Во просек, придобивките се околу 65% од платата на вработените. За да се квалификуваат, луѓето мораат да бидат регистрирани како невработени и активно да бараат работа. Минимален месечен надомест добиваат дури и оние кои не работеле доволно долго за да се квалификуваат. Месечниот надомест за едно лице без деца изнесува 514€ месечно, додека пак висината на надоместот за пар со две деца е 1.079€.

Платеното породилното отсуство во Франција трае 16 недели за што мајката добива 100% плата. Вкупното отсуство расте и до 34 недели за близнаци и 46 за тројки. Додека пак татковското отсуство е 11 дена. Франција, исто така обезбедува детски додаток за две или повеќе деца на возраст под 20 години. Родителите добиваат паушал од 129€ месечно за две деца, а 461 € за четири.

Германија
Според германскиот систем, осигурувањето при невработеност изнесува 3% од приходите на работниците – половина платени од страна на работодавачот. Секој кој има платено осигурување за најмалку една година во текот на изминатите 24 месеци, има право на надоместок за невработеност. Оние кои имаат деца, можат да добиваат две третини од платата која ја имале, додека пак оние без деца можат да добиваат 60% од платата.

Времетраењето на добивањето надомест варира во зависност од возраста и тоа колку долго сте плаќале осигурување. Оние кои се под 50 годишна возраст, можат да добиваат надомест во времетраење од една година, оние кои се на возраст од 50-54 можат да добиваат надомест за 15 месеци, оние кои се над 55 годишна возраст добиваат надомест за 18 месеци, а оние кои имаат над 58 години, добиваат надомест за 2 години.

Ако лицето останува невработено и сака да добива надомест и понатаму, државата исплаќа паушал наречен Arbeitslosengeld II (ALG II). Барателите добиваат 391€ месечно ако живеат сами или 353€ за оние кои се во брак. Оние кои не живеат независно добиваат 313 евра, додека пак оние од 15 до 18 годишна возраст кои не посетуваат училиште, примаат 296€. Невработените родители добиваат дополнителен надоместок за секое дете: 261€ за деца на возраст од седум до 14 години, а 229 € за оние кои се под седум годишна возраст.

Ирска
За да се ​​квалификувате како невработен во Ирска, мора да бидете на возраст под 66 години, да сте евидентирани во системот и да сте способни за работа. Невработените во оваа држава добиваат 188€ неделно, со дополнителен надомест за оние со деца.

Италија
Висината на надоместокот за невработените во Италија се пресметува како процент од бруто приходите заработени од страна на работникот во текот на двете претходни години. Оние кои не ги исполнуваат условите за бенефиции за невработеност, можат да аплицираат за помош „mini Aspi“. Ваквиот надомест се доделува за пократок период.

Додека пак работниците кои се прогласени за технолошки вишок поради затворање на фирмата, користат друг тип на додаток наменет за луѓе кои не се во можност да најдат ново работно место.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија