Зголемување на бројот на странци во Виена за 49%

Бројот на странци кои живеат во Виена се зголеми за 49% во последните осум години, покажуваат последните статистички податоци. Во пресрет на локалните избори во октомври, политичките партии размислуваат како да го искористат прашањето за имиграцијата во нивните кампањи.

Во моментов 460.163 странци живеат во Виена, што е 49% повеќе од бројката во 2007 година. Државјаните на Европската унија кои имаат регистриран престој во Виена, ќе бидат во можност да гласаат на локалните избори за советник, но не и за градоначалник, бидејќи тие избори се ограничени само на австриските државјани.

Во 2014 година, 712.000 луѓе во Виена биле доселени, деца на доселеници, или на некој друг начин имале таква позадина.
„Тоа значи дека од две лица, едно е странец“, изјави заменик-градоначалникот Марија Василаку од Зелената партија. „Интеграцијата е вчерашна тема, сега треба да се работи на прифаќање на странците во нашето општество.“ Таа додаде дека клуч за тоа е образованието и дека секое дете на возраст од две години па нагоре, треба да посетува градинка или друг центар од таков тип.

Некои групи на доселеници, дури почнаа свои политички партии, бидејќи како што велат самите, не чувствуваат дека нивното прашање е доволно експонирано од страна на другите политички партии. Türkische Liste (Турска листа) е партија предводена од доктор Тургај Таскирај, кој вели дека партијата е направена за да им помогне на сите лица, безразлика на тоа дали имаат проблем при имиграцијата. Тој истакна дека и покрај нејзиното име, таа не е турска партија, туку партија за сите луѓе во Виена кои сакаат да живеат заедно без предрасуди. Тој, исто така, изјави дека е против сепарирање на учениците во различни класови, според тоа дали се Австријци или странци.

Статистичките податоци добиени од канцеларијата на градоначалникот на Виена, велат дека најголем број на имигранти (84%) се од земјите на ЕУ, како и тоа дека повеќе од половина од сите имигранти во Виена, се на возраст меѓу 20 и 29 години. 44% од нив имаат високо образование. Портпаролот на градоначалникот Мајкл Хојпел, изјави дека поседувањето австриско државјанство, не е услов за подобро интегрирање во општеството. Иако имиграцијата носи одредени предизвици, сепак очигледно е дека му носи и „профит“ на градот.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија