Италијанско гратче им забрани на жителите да се разболуваат

Една мало гратче во средновековен стил кое се наоѓа во Калабрија, донесе уникатно решение на проблемот со неговото изумирање – им забрани на луѓето да се разболат.

Давиде Зичинела, градоначалник на гратчето Селиа, во средата потпиша декрет во кој се вели дека на жителите им е забрането да се разболат. Декретот доаѓа како дел од кандидатурата на Зичинела и има за цел да го спаси градот од изумирање, преку поттикнување на жителите да се грижат за нивното здравје. Декретот ги повика сите 537 граѓани на градот да го стават нивното здравје на прво место и да се грижат за најблиските.

Градоначалникот, исто така, ги охрабрува граѓаните почесто да одат на преглед во новиот медицински центар, кој беше отворен минатиот месец. Оние кои одат, ќе бидат ослободени од здравствениот данок во висина од 10€ годишно. „Одзивот на оваа кампања е охрабрувачки.“ вели градоначалникот.

Во 1960 година, во овој град имало 1.300 граѓани, но денес Селиа брои само 537, а шест од 10 граѓани се на возраст над 65.

Селиа е само едно од многуте мали италијански градови на кои им се заканува ризик од исчезнување. Италијанците раѓаат сè помалку деца, а порастот на населението во земјата е речиси на нула, според најновите податоци од Националната агенција за статистика (ISTAT).

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија