Како да најдете работа во Белгија

Има многу иселеници кои наоѓаат работа во Белгија, а шансите за наоѓање работа во главните градови на Белгија, особено работни места во Брисел, не се мали.

Белгија е седиште на многу ЕУ институции, НАТО, како и многу други големи меѓународни организации и мултинационални компании. Па според тоа, постојат голем број на можности за работа за странци. Во земја со три официјални јазици, ќе имате добри шанси за вработување ако поседувате јазични вештини.

 

Пазарот на труд во Белгија
Заклучно со 2014 година, Белгија има стапка на невработеност од над 8% што е пониско од просекот на ЕУ од 10,5. Сепак, невработеноста на младите (оние под 25 години) изнесува околу 22%.

Повеќето Белгијците работат во услужниот сектор – право, банкарство, новинарство и туризам. Околу една четвртина работат во индустрија, вклучувајќи производство на текстил, стакло, инженеринг, автомобили и слично. Постојат многу големи компании, вклучувајќи ги Banque Nationale de Belgique, Belgacome (за телекомуникации), Ageas (осигурување), Anheuser-Busch InBev, Colruyt (производство на храна), Delhaize (производство на храна), КБЦ (банкарство и осигурување), Solvay (производство на хемикалии) и Umicore ( технологија), како и многу други меѓународни компании кои имаат седиште токму во Брисел.

 

Слободни работни места во Белгија
Најмногу слободни работни места во Брисел се за високо квалификувани работници во услужниот секторот, како што се финансиите, меѓународни институции и претпријатија, агенциите за недвижности и образованието, како и јавното здравство и социјалните услуги. Слободни работни места има за следните професии: инжењери, техничари, архитекти, сметководители, медицински сестри и акушерки, ИТ персонал, трговски претставници, наставници, механичари, и градежни работници.

Белгиски работни визи
Државјани на ЕУ, како и швајцарски државјани, можат слободно да работат во Белгија, без потреба за работна дозвола. Сепак, сметајте на тоа дека ако планирате да останете подолго од три месеци, ќе Ви треба потврда за регистрација.

Граѓаните на држави кои не се земји членки на ЕУ, треба да имаат виза за влез во земјата и дозвола за работа. За типовите на работна дозвола, можете да прочитате овде.

 

Познавање на јазик
Постојат три официјални јазици во Белгија: холандски (се зборува во фламанската заедница во Фландрија, во северниот дел на Белгија), француски (се зборува во Валонија, на југ од Брисел) и германски (се зборува во Југоисточна Европа). Од 10 до 20% од граѓаните, особено оние во регионот на Брисел, зборуваат и француски и холандски. Од Вас најверојатно ќе се очекува да го зборувате јазикот на конкретниот регион каде што ќе работите. Но, главно во меѓународните компании познавањето на англиски јазик може да биде доволно.

 

Како да аплицирате за работа
ЕУРЕС 
Ако сте од ЕУ, ЕЕП или Швајцарија, може да пребарувате огласи за работа во Белгија преку EURES, Европскиот портал за професионална мобилност. Можете да го испратите Вашето CV и да добиете совети во однос на правни и административни прашања кои се вклучени во работењето во Белгија. ЕУРЕС, исто така организира саемите за труд во пролет и есен.

Expatica – овде ќе најдете листа на огласи за различни сектори, која постојано е ажурирана.

ЕУ и НАТО
Европската унија вработува повеќе од 40.000 луѓе во разни институции, од кои голем дел се наоѓаат во Брисел. Вие не треба да бидете граѓанин на земја членка на ЕУ, но треба да имате одлично познавање на најмалку два или повеќе јазици. За информации за работата за ЕУ, можете да видете на сајтот на EPSO. Исто така, можете да најдете информации на EuroBrussels, за работни места во организации на ЕУ во Брисел.

Во прилог објавуваме и листа на безбедни сајтови каде можете да најдете работа во Белгија:

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија