Канада со експресни визи во 2015

Минатата година канадската влада најави дека од јануари 2015, ќе започне со доделување на експресни визи кои ќе им овозможат на работодавачите што побрзо да ги пополнат работните места со квалификувани работници. Ова треба да ѝ го решат проблемот на земјата со недостатокот на квалификувана работна сила.

Од 2015, системот на Expression of Interest се заменува со експресна виза што претставува побрз начин Канада меѓу имигрантите да ги селектира оние кои поседуваат соодветни вештини и знаење потребни за сопствената економија. Express Entry визата ќе има и можност за долгорочно останување во Канада.
Идните имигранти прво би искажале интерес за доаѓање во Канада, а потоа би одговориле на низа прашања за своите вештини, едукација, јазиците кои ги говорат и слично. Тогаш, нивниот профил би се споредил со потребите на пазарот на трудот, а потоа би им се понудила работа низ четири програми на кои ќе можат да се пријават.

Во зависност од поставените критериуми, секој кандидат добива определен број на поени. Овие поени се однесуваат на возраста, образованието, брачниот статус, познавањето на странски јазици и слично. Доколку сакате да ги видите бодовните табели и да пресметате колку поени би имале, кликнете овде.

Официјалниот сајт на канадската влада, нуди и можност да проверите какви и колкави шанси имате да добиете виза. Овде можете да го најдете формуларот каде треба да одговорите на прашања за Вашата националност, возраст, познавање на јазик, членови на семејството, образование, работно искуство и слично.

Ќе ви треба околу 10-15 минути за да го пополните формуларот, а врз основа на Вашите одговори, ќе добиете одговор дали ги исполнувате потребните услови. Доколку ги исполнувате условите, ќе добиете и детален список на упатства за тоа што следно да направите.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија