Квебек ја намали преодната оценка за иселеничките визи

Владата на Квебек има овој месец направи мали измени во својата програма за емиграција, со кои ја намали преодната оценка која е потребна за кандидатот да се квалификува за виза, а освен тоа го отфрли факторот за „флексибилност“ како дел од критериумите за оценување.
Иако програмата за емиграција на Квебек (Quebec Skilled Worker Program, QSWP) моментално не е отворена за нови кандидати, повторно ќе биде во функција кон крајот на 2015 година.

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница, владата на Квебек изјави дека Квебек ќе ги избира квалификуваните работници преку пообјективен, конзистентен и ефикасен начин. Факторот „флексибилност“ беше исфрлен од критериумите, бидејќи владата на оваа покраина смета дека е премногу субјективен фактор. Сепак, Квебек истакна дека тоа го задржува правото да врши интервјуа како дел од програмата, за да изврши поголема контрола и да ја провери веродостојноста на доставените документи, иако самото интервју не носи поени.

Како функционира програмата на Квебек
QSWP користи систем кој се базира на поени, при што се оценува работно искуство на кандидатот, возраста, познавањето на различни јазици, како и врската што кандидатот ја има со Квебек (преку претходни посети на оваа провинција, или семејство и други роднини кои живеат таму). Ако поединецот го задоволува условот за минимален број на поени за овие фактори, тогаш тој може да добие дополнителни поени за неговите деца кои живеат и се зависни од него, а освен тоа, дополнителни поени се добиваат и за доказот за финансиска стабилност. Важно е да се напомене дека познавањето на француски јазик е мошне важно за да се квалификувате за оваа програма, со оглед на тоа дека службен јазик е францускиот, а Квебек е единствената канадска покраина каде англискиот не е официјален јазик на покраинско ниво. Сепак, тоа не е услов за стекнување право на учество во програмата. Кандидатите кои не зборуваат француски, но имаат добри поени во другите категории, сè уште имаат можност да бидат квалификувани. Со новите измени, кандидатите треба да освојат најмалку 49 поени доколку аплицираат сами, а 57 доколку имаат брачен партнер.

 

За повеќе информации за оваа програма, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија