Кенгур залутал во Австрија

Познатиот слоган „Нема кенгури во Австрија“ очигледно не е вистинит. Имено, еден Австриец бил изненаден кога видел кенгур во регионот Мулфител во северна Австрија. Мартин Хелмштед најпрво помислил дека е некаква шега или скриена камера, но откако дошол на десетина метри од него, се уверил дека навистина станува збор за кенгур. Кенгурот одел низ нивите со пченка, а според кажувањето на Мартин, изгледал многу питомо.
29190595e4af4e7f9589ba05e4689cc9c354878ed1a9e2be0cccaccdc1e5ed25
Загрижен дека ќе биде застрелан од страна на локалните ловци, тој раскажал што видел. Тим од Радио Северна Австрија направиле репортажа и ја исконтактирале локалната полиција и противпожарната служба, но откриле дека никој не пријавил бегство на кенгур во последните неколку месеци.

Сепак, набрзо полицијата добила повик од еден Германец кој живее во Баварија. На крајот, се испоставило дека кенгурот е вушност неговото милениче Павле. Германецот го пријавил кенгурот за исчезнат во април, откако избегал исплашен заради бурата и грмежите.

Ова не е прв случај на залутан кенгур во Австрија, и тоа токму во северниот дел. Во јануари оваа година, кенгурот по име Антон бил пронајден откако избегал од сопствениците во Валцел, а четири месеци живеел во снежни услови.

Низ Австрија често можете да најдете маички и други украси на кои пишува „Нема кенгури во Австрија“. Но, можеби Австријците треба да размислат уште еднаш пред да го стават овој слоган на нивните сувенири.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија