Лекарите во Норвешка сакаат да го забранат пушењето

Норвешкото здружение на лекари (Legeforeningen – NMA) има намера до 2035 година да го искорени пушењето во оваа скандинавска земја. Како прв чекор кон оваа цел, Здружението предложи забрана за продажба на тутунски производи за оние кои се родени по 2000 година.

Претседателката на Здружението, Марит Хермансен, изјави дека пушењето не е основно човеково право.
„Ние веќе долго време имаме политиката за постепено искоренување на пушењето до 2035 година, а ова е само една мерка за да ја постигнеме целта. Сакаме генерации без тутун“, додаде таа.

Министерот за здравство изјави дека главна цел е младите воопшто да не почнуваат да пушат.

Доколку се преземат овие мерки, Норвешка би можела да биде првата држава без пушачи. Сепак, потпаролите на Конзервативната и Демохристијанската партија изјавија дека се скептични за овој чекор, а многумина рекоа дека ова е крајно неизводливо.

Во 2013 година, 32% од Норвежаните биле пушачи. Ова е помалку за 36% од бројката во 2008 година, што значи дека свеста за штетноста на цигарите и грижата за здравјето, станува сè поголема.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија