Македонци на сезонска работа во Италија

Италијанските лозја ги испразнија градовите од истокот. Во потрага по подобар живот, со торби полни храна, бугарски пасош в џеб и со надеж дека сезоната за работа ќе им донесе плодна печалба, само за три дена заминаа 500 луѓе од Делчево и Каменица најавувајќи ја сезоната за работа на италијанските лозја: „Таму плаќаат по 6 евра час, одиме да работиме. Планираме да донесеме по 2.000 евра чисти“, велат сезонците.
Вработени и невработени, рабтници, но и административци, заминуваат на печалба. Меѓу нив е и 41-годишната Јулија која со години работи на италијанските лозја: „Системот кај нас е лош. Таму има надеж, овде нема ништо, работникот никој не го цени“, велат тие.
Овие луѓе не с е горди што заминуваат, но нив ги тера егзистенцијата.
„Јас сум таму 8 години со семејството. Овде нема иднина и надеж за нормален живот“, вели Јордан Стоев, жител на Делчево.

Три автотранспортни фирми возат секој втор ден за Италија:
„Само ние овие два дена превезовме над 350 патници, а некои одат и со коли и комбиња“ вели Стојче Георгиев од МЕТАК-ТРАНС.

Овде се празнат градовите, а во Италија се полнат училиштата.
„Има 40 илјади Макеодници само во една област, вкупно во Италија има 130 илјади Макеодонци. Тоа се официјални бројки “, вели Тодор Спасевски , од МЕТАК-ТРАНС.

Сезоната за работа по европските лозја ја започнува Италија, а ја продолжува Швајцарија и ќе трае се до крајот на септември. Се очекува илјадници македонски печалбари и ова лето надежта за подобар живот да ја побараат на плантажите со лозја, колку од нив нема да се вратат?

Извор. Тв Стар

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија