Најбизарната работа во светот

Доколку минатиот месец сте ги разгледувале огласите за работа на интернет порталот olx.pl сигурно ќе сте го забележале овој оглас за работа. Погребен завод од полскиот град Вроцлав, објавил оглас во кој бара работници чија единствена задача ќе биде да лежат во ковчег на излог, 6 часа на ден, пет дена во неделата, за што ќе добијат месечна плата од 750 евра.

coffinjob
За ова работно место не се потребни посебни квалификации, освен тоа да изгледате елегантно, да бидете храбри и способни мирно да лежите во ковчегот со часови.

 

Како и да е, огласот бил повлечен од порталот откако полските новинари за весникот Газета тргнале да го откријат погребниот завод кој ја нуди оваа работа.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија