Најдобри градови за живеење според Монокол

По завршувањето на второто место минатата година, Токио оваа година се искачи на врвот на листата „Најдобри градови за живеење“ според списанието Монокл. Минатата година на првото место се најде Виена, додека пак третата позиција му припадна на Берлин.

Токио беше крунисан на врвот како град со богата култура кој истовремено нуди чувство на мир и спокојство.
При оценување на квалитетот за живеење, градовите беа рангирани врз основа на повеќе фактори како што се условите за живеење, трошоци на живот, пристап до природата, квалитетот на здравството, како и стапката на криминал.

Мелбурн се најде на четвртата позиција, а по него следува Сиднеј, Стокхолм, Ванкувер, Хелсинки и Минхен.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија