Најдобри портали за барање работа

Американскиот портал „Хафингтон пост“ неодамна објави листа на веб страници кои нудат најдобро платени работни места, пренесува „Анадолу“. „Хафингтон пост“ наведе дека овие интернет портали кои го следат пазарот на трудот и деловните прилики, може да бидат добар начин за пронаоѓање не само на било каква работа, туку и добро платена работа.

Освен тоа, пораталите може да бидат добар начин луѓето да стапат во конатакт со многу големи и познати компании кои може да им помогнат во пронаоѓањето на работа. Одредени веб страници, можат да понудат брзи, точни и конкртетни информации во врска со можностите да се најде работно место.

Агенцијата „GоBankingRates“ избра пет портали кои се најдобри за пронаоѓање добро платената работа.

Според оваа агенција, најдобар портал е „100KJobFinder.com“ кој е фокусиран на 50 различни видови на работа кои годишно нудат просечна плата од 80.000 долари.

На второ место се најде „MyPlan“ кој нуди широк спектар на можности за пронаоѓање на работа и изградба на кариерата. На овој портал можете да најдете и листа со 300 најдобро платени работи.

Следен е „The Ladders“ кој користи преку 8 милиони професионалци и околу 95.000 компании од сите краеви на светот.

Меѓу најдобрите портали е и „Glassdoor“ кој на корисниците им нуди можност да бараат милиони достапни работи во светот.

На петто место е порталот „LinkedIn“, кој всушност е најголемата социјална мрежа за бизнис во светот. На овој портал се нудат бројни совети и препораки за изградба и развој на кариерата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија