Нова Шкотска со дополнителни 300 апликации во програмата за имиграција

Канадската провинција Нова Шкотска неодамна објави дека во склоп на нејзината програма за имиграција, годинава ќе одобри уште 300 нови апликации. Со овој потег, оваа провинција ќе номинира 1.350 кандидати за Nova Scotia Nominee Program (NSNP).

„Ние бевме упорни во нашето барање кон федералната влада и за среќа успеавме да добиеме зелено светло за уште 300 апликации. Оваа одлука ќе ни овозможи да номинираме вкупно 1.350 имигранти во рамките на нашата програма, што е скоро двојно од 2014 година, кога одобривме 700 апликации“ изјави премиерот на Нова Шкотска, Стивен Макнил.

Повеќе информации за програмата за имиграција на Нова Шкотска можете да прочитате на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија