Огласи за Au Pair во Франција

Француско семејство има потреба од Аu Pair во периодот од јули до јануари наредната година, која ќе се грижи за нивните две деца на возраст од 20 месеци и 4 години. Работното време од од 7 до 13 часот од понеделник до сабота, а недела е слободен ден. Добивате сместување во посебна соба со бања, а ќе имате и автомобил на располагање. Ваше задолжение ќе биде грижа за децата, како и помош околу домашните обврски.

За да го видите официјалниот оглас, кликнете тука.


Се бара Au Pair за работа во Франција која ќе се грижи за деца на возраст од 8 и 10 години. Семејството има дете со аспергеров синдром, за што им е потребен некој кој има искуство во работа со такви деца и ќе покаже разбирање и трпение. Работата е во периодот од 20 април до 19 октомври.
Храната и сместувањето е обезбедено.

За да го видите официјалниот оглас, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија