Оглас за фармацевти во Шведска и Норвешка

AG Johnsen објавува оглас за потребите на клиент, кој е една од најголемите фармацевтски компании со седиште во Норвешка и Шведска. Тие се во потрага по фармацевти кои веќе имаат лиценца за работа во матичната земја. Истите треба да приложат копија од лиценцата при аплицирање за ова работно место.

Кандидатите треба да имаат одлично познавање на англискиот јазик, а познавање на норвешки или шведски ќе се смета за предност. Треба да покажат желба за работа во овие држави, да бидат флексибилни и способни за работа во тим.
Пробниот период за работа е во времетраење од 6 месеци, со полно работно време од 39 до 42 часа неделно.

За да аплицирате, испратете ги потребните документи на e-mail адресата [email protected].
Крајниот рок за аплицирање е 29 мај.

За да го видите официјалниот оглас, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија