Пад на невработеноста во Шпанија

Generated by IJG JPEG Library

Бројот на регистрирани невработени во Шпанија, очекувано се намали во месец јуни. Како резултат на почнување на туристичката сезона, трговците на мало, рестораните и другите услужни локали, традиционално го зајакнуваат нивниот персонал на почетокот од летото.

 Иако бројките се за пофалба, аналитичарите предупредуваат дека падот на невработеноста не е толку силен како што се очекуваше и дека поголемиот дел од нововработените се на краткорочни договори.

 Шпанија, продолжува да се бори против една од највисоките стапки на невработеност во Европа. Бројот на невработени се зголеми во сите сектори, освен во земјоделството. Во рамките на еврозоната, единствено Грција има повисока стапка на невработеност, од 25,6% според податоците објавени во март.

 Сепак, бројот на регистрирани невработени во Шпанија се намали за 329.397 или 7,4% во однос на јуни минатата година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија