Париз со апликација за сите што не зборуваат француски

Париз неодамна ја претстави своја нова апликација под името Do you speak touriste?. Апликацијата ќе има за цел да им помогне на сите посетители на овој град, кои не го зборуваат францускиот јазик. Имено, истата нуди мапи со обележани локации на ресторанти и хотели, каде се зборува јазикот на туристите. На пример, ако во опциите одберете мандарински јазик, ќе добиете 20 адреси, во кои освен угостителски објекти, има и аптека. Апликацијата е бесплатна за Android и iOS телефоните.

1436517336_yesispeaktouriste.app.tourism.map

Париз константно се рангира како најпосетуван град во светот со 46 милиони посетители на годишно ниво. А оваа апликација, е само уште еден начин за докажување на гостопримството на Французите.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија