Пет бесплатни апликации за учење италијански

Ако отсекогаш сте сакале да учите италијански, без да трошите пари на книги и курсеви, сега можете да го направите тоа преку неколку бесплатни апликации кои ги имате на располагање во Google Play Store.

Следниве апликации се прилагодени на различни потреби, без разлика на тоа дали само сакате да научите италијански за да ја порачате вашата омилена пица, или сакате доволно добро да го разбирате јазикот за да го читате Данте Алигери.

1. Learn Italian Words Free
Со оваа апликација можете да научите до 10.000 зборови и фрази, кои ќе ви помогнат во секојдневната комуникација, а се однесуваат на корисни теми. Наменета е за почетно, до напредно ниво. Во самата апликација има аудио опција, па можете да ги слушате лекциите додека вежбате или се возите во автобус.

2. Learn Italian – 50 Languages
Оваа апликација најмногу ќе ви послужи доколку патувате во Италија и сакате да научите барем малку италијански кој ќе го користите во секојдневните ситуации. Апликацијата има традиционален пристап, сличен на учебниците, со комбинирање на аудио и текстуални вежби преку кои ќе ја учите граматиката. Бесплатната верзија ви нуди 30 часа на располагање, а потоа можете да платите за уште дополнителни 100 часа.

3. Learn Italian – Speak Italian
Креаторите на оваа апликација, тврдат дека учењето италијански е полесно отколку што изгледа. Со ова сигурно ќе се сложат и оние 50 милиони корисници низ целиот свет, со оглед на позитивните критики. Оваа апликација е наменета за оние кои сакаат навистина да го научат италијанскиот јазик. Вклучени се речник и граматика, аудио дијалози и јазични игри, но највозбудливиот дел е можноста да ги испратите вашите вежби на проверка, за што ќе добиете оценка.

4. Verbi Italiani
Ако веќе сте го постигнале основното ниво, но сакате да ја подобрите вашата граматика, ова е вистинската апликација за вас. Преку неа, можете да научите над 10.000 глаголи во сите времиња.

5. Duolingo
Ова е една од најсеопфатните и најдобро рангираните апликации, за која креаторите тврдат дека 34 часа учење, се еднакви на цел семестар на универзитетско ниво. Граматиката, речникот и фразите се организирани во различни теми, а учењето е направено преку игра. Со одење на повисоки левели, ќе добивате поени и награди, што го прави учењето забавно и заразно. Единствената лоша страна на апликацијата, е тоа што не можете сами на одберете одредени теми, туку мора да ги отклучите по дадениот редослед.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија