Поевтино кафе за љубезните купувачи во Франција

На сите добро ни е познат стереотипот за лошо расположените француски келнери. Не е реткост туристите во Франција да се пожалат дека не се добро пречекани и третирани во угостителските локали. За да ја сменат сликата за угостителството, неколку кафулиња и ресторани во Франција направија мени со кое ќе ги потсетат гостите дека и тие треба да имаат добри манири.
А менито изгледа вака:
„Едно кафе“ – 7 евра
„Едно кафе, ќе ве молам“ – 4,25 евра
„Здраво, едно кафе ќе ве молам“ – 1,40 евра
The menu outside the Petite Syrah in Nice
Не е толку тешко да го поздравиме келнерот, или да му се заблагодариме за услугата, но токму тоа некогаш забораваме да го направиме. Сепак, мора да признаете дека ова е одличен начин да се поттикнат луѓето да бидат љубезни, зашто тоа може да ви заштеди повеќе од 5 евра за едно кафе.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија