Поради напливот на азиланти, Германија ќе ги врати визите?

Германија најверојатно повторно ќе воведе визи, со цел да го оневозможи доаѓањето на азиланти од Балканот. Дури 220.000 лица од балканските држави побарале азил во првите шест месеци од оваа година, а се проценува дека оваа бројка ќе достигне вкупно 450 000.

Според податоците, голем број од оние кои бараат азил во Германија и некои други земји од ЕУ, главно доаѓаат од земјите од Западен Балкан. Цели 40% од вкупната бројка на лица кои побарале азил, се Балканци.

Пред неколку месеци, германската влада најави дека секое лице кое доаѓа од Западен Балкан и бара азил, ќе биде автоматски депортирано.

Повторното воведување на визниот режим била иницијатива на Владата на Баварија, бидејќи ова германската покраина е најмногу погодена од азилантите. Баварската влада од сопствениот буџет го плаќа поголемиот дел од трошоците за нив, како што се социјална помош и сместување.

Напливот на азиланти во Германија започна пред неколку години, кога беше укината визата за влез во земјата за граѓаните од Западен Балкан.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија