Постапка за добивање Au Pair виза за Германија

Доколку сакате да се вработите како Au Pair во Германија, а притоа немате европски пасош, тогаш треба да добиете работна виза. За да добиете виза, најпрво треба да поднесете барање до Германската амбасада. Барањето може да се поднесе само лично. Времетраењето на обработката по правило трае 2 до 3 месеци;

Документи кои треба да се достават при поднесување на барањето:

  • пасош, со доволна важност (најмалку три месеци подолго од предвиденото враќање), во оригинал и 2 копии;
  •  2 биометриски фотографии од понов датум и 2 формулари (своерачно потпишани и пополнети на латиница);
  •  Au Pair договор со фамилијата, потпишан од двете страни (од Вас и од фамилијата во Германија) и сите потребни податоци – пред се времетраење на престојот како Au Pair, опис на активностите, број и возраст на децата, примања, здравственото осигурување;
  •  мотивационо писмо, зошто сакате да престојувате во Германија како Au Pair (на македонски или албански јазик со превод на германски јазик, во 2 примерока);

 

Доколку сте студент, покрај овие документи треба да доставите:

  •  индекс;
  •  потврда од факултет, превод на германски јазик во 2 примерока;
  • уверение за положени испити и ислушани предмети, превод на германски јазик во 2 примерока;

Забелешка:
Потребните основни познавања на германскиот јазик се проверуваат при поднесување на барањето. Поднесителите на барање за Аu pair не смеат да бидат помлади од 18 и постари од 27 години во моментот на поднесување на барањето. Барањето не смее да се поднесе порано од 6 месеци пред договорениот почеток на дејноста како Аu pair.

Сите горе наведени документи треба да бидат во оригинал и 2 копии. Покрај наведените документи во поединечни случаи може да се побараат и други документи.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија