Потребни документи за туристичка виза за САД

Секој државјанин на друга земја што бара да влезе во Соединетите Американски Држави, мора прво да добие виза за САД. Некои меѓународни патници може да исполнуваат услови за влез во Соединетите Американски Држави без виза, ако ги исполнуваат барањата од Програмата на САД за безвизно патување.

Програмата за безвизно патување исто така им овозможува на патниците да влезат во Соединетите Американски Држави без виза, но да се задржат во САД најмногу до 90 дена.

Република Македонија не учествува во Програмата за безвизен режим на САД, па така македонските државјани најпрво треба да аплицираат за Неимигрантска виза за да патуваат во САД.

Доколку сакате да аплицирате за туристичка виза за САД, потребни ќе Ви бидат следните документи:

– Важечка патна исправа која треба да важи најмалку уште 6 месеци по планираниот период на престој на апликантот во Соединетите Американски Држави (освен во случаи кога со посебни спогодби се предвидени исклучоци);
– Пасош во кој се наоѓа последната издадена американска виза (доколку имате);
– Сите претходни истечени пасоши (доколку поседувате);
– Апликацијата за неиселеничка виза, страницата за потврда за образец ДС-160;
– Страна со Потврда и Инструкции за состанокот отпечатена од оваа Интернет страна;
– Една фотографија во боја со димензии 5 x 5 см (или 2 x 2) направена во последните 6 месеци.

Повеќе информации во врска со упатствата на Стејт Департментот за фотографијата може да најдете тука;

Членовите на семејството што го придружуваат апликантот, освен кога влегуваат во Соединетите Американски Држави за друга цел, треба да приложат оригинална венчаница (брачен другар) и/или извод од книгата на родените (за деца под 21 година што не се во брак), кога има таква ситуација.

Следните документи може да помогнат да ја поддржите вашата апликација за виза:

– Намера да заминете од Соединетите Американски Држави по завршувањето на вашето патување (на пример повратен патен документ како резервација за авионска карта);
– Доволно финансиски средства за да ги покриете сите трошоци додека сте во Соединетите Американски Држави;
– Доказ дека имате значајни врски со земјата во која имате намера да се вратите на крајот од вашиот престој во Соединетите Американски Држави (ова генерално се утврдува со доказ за семејни, професионални, сопственички, од вработување и други врски и обврски кон земја што не е САД);

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија