Работна дозвола за Канада

Доколку сакате да работите во Канада, првиот чекор кој треба да го направите е да проверите дали Ви е потребна работна дозвола. Тоа можете да го проверите на следниот линк.

Ако спаѓате во некоја од наведените категории, не Ви е потребна дозвола. Сепак, можеби ќе треба да се исполнат други услови.

Ако не спаѓате во наведените категории, потребна Ви е дозвола за работа. Пред да аплицирате за дозвола, треба да проверите дали имате право да ја добиете истата. Ова ќе зависи од неколку услови кои треба да ги исполните:

  • Да докажете дека ќе ја напуштите Канада откако ќе истече важноста на дозволата за работа;
  • Да покажете дека имате доволно средства за да се грижите за себе и членовите на Вашето семејство за време на престојот во Канада;
  • Да ги почитувате законите и да немате криминално досие (за што може да Ви се побара приложување на доказ);
  • Да не претставувате опасност за безбедноста на Канада;
  • Да бидете во добра здравствена состојба;
  • Да не планирате да работите за работодавач кој е на листата на неподобни работодавачи;
  • Претходно да не сте работеле во Канада во еден или повеќе периоди, со вкупно времетраење од четири години (ова важи по 1 Април 2011 година, но дозволени се некои исклучоци); и
  • Да ги приложите сите други документи што се бараат за да добиете влез во земјата;

Labour Market Impact Assessment (LMIA)

Странските државјани кои сакаат да работат во Канада, најпрво треба да се запознаат со основните барања и што сè треба да направи нивниот потенцијален работодавач. Во многу случаи, работодавачот мора да се добие Labour Market Impact Assessment, односно проценка на влијанието што странскиот работник ќе го има врз канадскиот пазар на труд. Всушност, LMIA е документ со кој на работодавачот му се овозможува да вработи странски работник.

Процедура за добивање дозвола за работа

Постапката за добивање работна дозвола за Канада е во пет чекори. Треба да знаете дека за да ја добиете оваа дозвола, прво морате да најдете работа.

Заинтересираните кандидати можат лесно да добијат пристап до канадски огласите за работа преку интернет. Штом најдете оглас за кој сте квалификувани, треба да поднесете барање за работна дозвола до  службата за Државјанство и Имиграција на Канада (CIC).

Можете да аплицирате онлајн, или пак преку пошта. Доколку сакате да аплицирате преку пошта, тогаш потребните обрасци треба да ги испратите до канцелариите на CIC, или алтернативно можете да аплицирате лично во канадската амбасада.

По приемот на пријавата, канадски службеници ќе ја проверат валидноста на поднесената документација, осигурувајќи дека сите информации се точни. Освен тоа, самиот потенцијален работодавач ќе биде предмет на проверка, за да се утврди дали постапува согласно законските мерки, дали веќе има евиденција за злоупотребување на вработените и прекршување на нивните права и слично.

Откако барањето ќе биде обработено и одобрено, прецодурата за издавање на дозволата може да потрае неколку недели. Исто така, кандидатите можат да бидат подложени на дополнителни здравствени тестирање, што може да го продолжи времето на чекање.

Штом ќе помине целата процедура, работникот добива дозвола за работа која е точно прецизирана. На оваа дозвола е наведен работодавачот, позицијата на работникот, како и датумот на важење. Што значи дека работникот нема да може да добие работно место кое е надвор од дозволата за работа.

Единствен исклучок е кога под одредени околности, работникот може да добие продолжување на работната дозвола, а со тоа да ја продолжи и дозволата за престој во Канада.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија