Работна дозвола за Франција

Постојат голем број различни видови на дозволи за работа во Франција, како и исклучоци, во зависност од Вашата ситуација при вработување во оваа земја. Француската дозвола за работа е тесно поврзана со Вашиот престој во Франција, и во повеќето случаи најпрво треба да добиете работа, за да Ви биде одобрена дозвола за престој.

Дали Ви е потребна работна виза за Франција?
Ако сте граѓанин на држава членка на ЕУ/ЕЕА или Швајцарија, можете слободно да работите во Франција без дозвола за работа (со исклучок на хрватските државјани на кои им треба дозвола за првата година). Ако доаѓате во Франција со член на семејството кој има дозвола за одредени видови на високо квалификувана работа, постои можност да работите без работна дозвола. Во сите останати случаи, потребна е дозвола за работа.

Работна дозвола во времетраење од 90 дена
Ако Вашиот прстој во Франција е ограничен до 90 дена, преку Вашиот работодавец треба да добиете привремена дозвола за работа одобрена од страна на француското Министерство за труд, со печат од локалната служба ако сте научник или истражувач. Ова овластување за работа потоа се праќа до француската амбасада или конзулат во Вашата земја, каде што ќе можете да аплицирате за виза.

Работна дозвола за повеќе од 90 дена
Ако планирате да работите во Фанција за повеќе од 90 дена, треба да аплицирате за виза. Вашиот работодавач мора да изготви договор за работа и да го испрати до локалните единици на француското Министерство за труд. Ако некој од членовите на семејството ќе доаѓа со Вас, тогаш работодавачот ќе треба да ја започне постапката за „придружен член на семејството“ во исто време. Ако е одобрено барањето, тогаш се испраќа до Француската канцеларија за имиграција и интеграција (OFII).

Откако OFII ќе го одобри договорот, тој ќе биде испратен директно до француската амбасада или конзулат во Вашата земја, од каде почнува постапката за издавање виза. Вие, како и членовите на Вашето семејство кои доаѓаат со Вас, ќе треба да закажете термин за посета на француската амбасада/конзулат каде лично ќе аплицирате за виза за долгорочен престој. Потребни документи за аплицирање за виза се следните: пасош (издаден во последните 10 години и со важност од три месеци по истекување на дозволата), пополнет формулар за апликација, како и било која друга документација која се бара заради типот на работа. По пристигнувањето во Франција, ќе мора да се регистрирате во Францусктаа канцеларија за имиграција и интеграција.

Причини заради кои се бара виза за подолг престој се следниве (за сите постои посебна процедура и документација):

– За студирање во Франција;

– За малолетници кои следат некакво образование;

– За родител или баба или дедо на француски државјанин (или странец во брак со француски државјанин), кој е издржуван од него;

– За родител или баба или дедо на француски државјанин (или странец во брак со француски државјанин), и не е издржуван од него (во тој случај, истиот мора да обезбеди сместување и доволно финансиски средства за самоиздржување);

– За родител или баба или дедо „во посета” на француски државјанин (или странец во брак со француски државјанин)) – со определба да не се зафаќа со никаква професионална активност во Франција;

– Заради партнер кој е француски државјанин;

– Заради брак со француски државјанин;

– Заради вработување во Франција;

Дозвола за сезонски работник
Ваква дозвола Ви е потребна доколку сте вработени со сезонски договор за работа за период од повеќе од три месеци. Привремената дозвола за престој, која важи три години со можност за обновување, ќе Ви овозможи да вршите сезонска работа најмногу 6 месеци во период од 12 последователни месеци. Можете да потпишувате повеќе договори по ред, под услов да се обврзете на престој од времетраење до шест месеци годишно и да го одржувате Вашиот вообичаен престој надвор од Франција. Со оваа дозвола на Вашето семејство не му е дозволено да Ве придружува.

Дозвола за Au Pair
Ако имате од 17 до 30 години и сакате привремено да работите како au pair, семејството-домаќин треба да потпише договор и да добие одобрение од страна на DIRECCTE. Исто така треба да имате писмо за прием во училиште за странски јазици за да може да добиете виза.

Дефицит на пазарот на труд во Франција
Секторите кои се соочуваат со недостаток на работници се следниве:
• електрика, електроника

• хотели, ресторани, храна

• машинско инженерство, металургија

• компјутерство

• преработувачки индустрии

• градежништво, јавна работа

• банкарство и осигурување

• трговија

• транспорт, логистика и туризам

Исто така, голем недостаток на персонал има и кај некои професии во здравствениот сектор, особено кај медицинските сестри. Дополнително, една недамнешна студија се обиде да предвиди кои занимања ќе бидат дефицитарни до 2015, а тоа се:

• асистентки во градинка и домашна помош

• компјутерски научници

• помошни медицински сестри

• административни извршни директори и менаџери

• административен персонал

• комерцијални извршни директори

• квалификувани работници за одржување

• домашен персонал

• медицински сестри и бабици

• квафиликувани работници во преработувачката индустрија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук групаМакедонци во Франција