Сезонска работа во Грција 2016

Доколку сте заинтересирани за некој од наведените огласи, испратете мејл на [email protected]


Се бара собарка со познавање на англиски јазик, за работа на Кефалонија. Платата изнесува 700 евра, а обезбедено е сместување и еден оброк дневно. Поаѓањето е на 1 април.

Се бара девојка до 30 годишна возраст со одлично познавање на англиски јазик и искуство во работа како келнерка/шанкерка, за работа на базен во склоп на хотел. Платата изнесува 600 евра + бакшиш, а храната и сместувањето се обезбедени. Работата е во периодот од 20 април до 10 јули.

Потребни се две девојки на возраст до 30 години, со основно познавање на англиски или грчки јазик, за работа во кафетерија на Лекфада. Платата изнесува 600 евра + бакшиш, а сместувањето и храната се обезбедени.

Се бара бармен со познавање на англиски јазик и работно искуство, за работа во кафе бар во Агринио. Дневницата е од 30 до 35 евра, сместувањето е обезбедено, а за предност ќе се смета познавање на грчки јазик.

Се бара работник на возраст до 45 години, со познавање на грчки или англиски јазик, за одржување на дворови. Платата изнесува 600 евра, а храната и сместувањето се обезбедени.

Се бара шанкерка на возраст до 45 години, за работа во beach bar на Крит. Почетната плата изнесува 500 евра, а во сезона 700. Храната  сместувањето се обезбедени.

Потребни се две келнерки на возраст од 22 до 30 години, со познавање на англиски јазик (грчкиот ќе се смета за предност) за работа во ресторан во близина на Волос. Платата изнесува 750 евра со обезбедено сместување и храна.

Хотел во Грција има потреба од:
– 2 собарки со искуство во периодот од 20 април до 10 октомври; Платата изнесува 660 евра, а сместувањето е обезбедено;
– 1 келнерка на возраст до 30 години со искуство и одлично познавање на англиски јазик; Сместувањето и храната се обезбедени, а работата се однесува на периодот од 20 април до 2 јули;

Се бара келнерка со познавање на грчки јазик за работа во кафич на Халкидики. Дневницата изнесува 30 евра + бакшиш. Сместувањето е обезбедено, а се работи 4 до 6 дена неделно.

Се бара келнерка на возраст до 35 години за работа во кафич на Лефкада. Платата изнесува 700 евра, а сместувањето и храната се обезбедени.

Се бара келнерка на возраст до 35 години за работа во кафич на Крит. Платата изнесува 750 евра, а сместувањето е обезбедено.

Се бара девојка на возраст до 40 години за работа во бар во Лариса. Платата изнесува 600 евра, а сместувањето и храната се обезбедени.

Ресторан во Сими има потреба од девојка до 35 годишна возраст. Платата изнесува 600 евра, а сместувањето и храната се обезбедени.

Се бара жена на возраст од 45 до 55 години за работа во фурна во Атина. Платата изнесува 550 евра, а сместувањето и храната се обезбедени.

Семејство во Атина има потреба од куќна помошничка на возраст од 45 до 55 години. Платата изнесува 550 евра, а сместувањето и храната се обезбедени.

Семејство на Родос има потреба од жена на возраст од 40 до 55 годони, која ќе се грижи за болно дете. Платата изнесува 550 евра, а сместувањето и храната се обезбедени.

Потребни се продавачки со ЕУ пасош за работа во продавница за сувенири од 1 март, на Санторини. Платата изнесува 700 евра + 200 евра бонус, а сместувањето и осигурувањето се обезбедени.

Потребни се хостеси/собарки со ЕУ пасош за работа на брод од 1 април. Платата изнесува 900 евра + бакшиш, а сместувањето, храната и осигурувањето се обезбедени. Работното време изнесува 8 часа, а два дена во месецот се слободни.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија