Се воведоа нови гранични контроли во Шенген зоната

Откако во септември Германија привремено излезе од Шенген зоната, сé повеќе земји членки на ЕУ воведуваат привремени контроли на своите граници. Имено, поради бегалската криза, Шведска воведе пасошка контрола на границата со Данска, а Данска го стори истото на границата со Германија.

Во текот на 2015 година, Шведска очекуваше да прифати околу 100 илјади бегалци. Но, на крајот на годината произлезе дека пристигнале двојно повеќе, поради што се јавија проблеми со нивното сместување и организација. Откако Шведска не успеа да ги убеди другите европски држави да преземе дел од бегалците, реши да воведе нови мерки. Па така, од неделата на полноќ, Шведска воведе гранични контроли на границата кон Данска, надевајќи се дека на тој начин ќе го спречи бегалскиот бран. На аеродромот „Каструп“ во Копенхаген, поставена е метална ограда која ги одвојува шините на железничката пруга која го спојува данскиот главен град и Шведска. Оваа ограда треба да ги спречи мигрантите без документи да ја преминуваат границата кон Шведска.

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен, вчера на вонредната прес-конференција во Копенхаген, изјави дека мерката кон германската граница засега е ограничена на десет дена, а контролата на патните исправи ќе биде вршена по случаен избор. Германската влада изрази жалење за оваа одлука на Данска. „Одлуката на данската влада дополнително покажува колку ни е потребен заеднички концепт во решавањето на бегалската криза во Европа“, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија