Старица не добила државјанство после 80 години живот во Канада

Приказната за 99-годишната Џоан Стирлинг излезе во јавноста, откако нејзиното барање за канадско државјанство било одбиено, иако таа во државата живее од 1933 година.

Апликацијата на Џоан Стирлинг била отфрлена од службата за Државјанство и Имиграција на Канада (CIC), зашто таа не успеала да докаже еден специфичен дел од идентификација – потврда за нејзиното раѓање од пред речиси еден век.

Нејзината пријателка Дијана Вотсон, од 2012 година се бори за Џоан да биде призната како канадски државјанин, со што би можела да ужива поголеми права, особено околу здравствената заштита.

Вотсон до службата за Државјанство и Имиграција доставила еден куп документи, со кои се докажува раѓањето на Стирлинг во Велика Британија, нејзиното доаѓање во Канада, како и нејзиниот живот во оваа земја. Документите покажуваат дека Џоан живее во Торонто од 30-тите години на минатиот век, досега таа работела, плаќала даноци и гласала на речиси сите избори. Но, Вотсон вели дека единствено што недостасува е изводот на раѓање на Џоан, за што ги контактирале властите во Велика Британија.

И покрај сите други докази, Џоан не добила канадско државјанство. После неколку години борба, дури откако излегла во јавност со нејзината приказна, Џоан станала канадски државјанин.

„Ова е навистина смешно и е само еден доказ за целата бирократија. Пратив еден куп докази за животот на Џоен во Канада, но сè што добив беше писмо во кое се вели дека потребен е извод на раѓање. Тука веќе запре целата постапка“, изјави Вотсон.

Критичарите за оваа случка рекоа дека канадските закони за државјанство се толкуваат сувопарно, па дури и оние кои треба да постапуваат според прописите, воопшто не ги разбираат.

Џоан е родена во Лондон, во 1916 година. Откако прво застанала на копното на САД, границата со Канада ја преминала во 1933 година, кога имала 17 години. Таа никогаш не стапила во брак, па не добила ниту возачка дозвола, ниту пак пасош. Никогаш не ѝ била потребна ниту здравствена картичка, каква што добила дури пред неколку години.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија