Швајцарија останува привлечна за странските работници

Според извештаите од швајцарската влада, Европејците кои доаѓаат од земјите погодени од економската криза, го сочинуваат мнозинството имигранти кои во Швајцарија дошле минатата година.

Минатата година, вкупно 73.000 странци дошле да живеат во Швајцарија, од кои 50.600 биле од земјите на ЕУ/ЕФТА. Оваа бројка е за 25% пониска од рекордот во 2013 година, според 11-тиот извештај од страна на Институтот за истражување на слободното движење на луѓе меѓу Швајцарија и Европската унија.

Во извештајот кој беше претставен овој месец од страна на Државниот секретаријат за економски работи (SECO), оваа имиграција немала никакви негативни ефекти врз платите или можностите за вработување. Напротив, се забележал економски раст и поголема стабилност на пазарот на труд.

Според претседателот на SECO, овие работници се значително поквалификувани од швајцарските. Повеќе од половина од нив се со високо образование или повисок степен на образование.

Сепак, бројот на жителите на Португалија, Италија и Шпанија кои се преселиле во оваа држава, се зголеми како резултат на неодамнешната економска нееднаквост низ Европа. Имиграцијата од источноевропските земји, исто така се зголеми како резултат на делумно отворање на пазарот на трудот.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија