Швајцарците на референдум: 2500 франци месечно за секој граѓанин?

На 5 јуни, Швајцарците на референдум ќе имаат можност да се изјаснат по новиот предлог за основен приход кој би можеле да го добиваат сите граѓани, без разлика на тоа дали се вработени или не. Таканаречениот Unconditional basic income (UBI) ќе биде во износ од 2500 швајцарски франци за сите возрасни граѓани, односно 625 франци за секое дете до 18 годишна возраст.

Доколку со референдумот се прифати овој предлог, Швајцарија би станала првата држава која на граѓаните ќе им обезбедува основен и безусловен доход. Покрај тоа, ова е првиот случај некоја држава да стави ваков предлог на гласање.

Поддржувачите на оваа иницијатива, велат дека со ова на граѓаните ќе им биде обезбедена поголема слобода да се вклучат во некоја волонтерска работа, да се доквалификуваат, или едноставно да поминат повеќе време со своето семејство. Истражувањето спроведено од Demoscope Institute покажало дека Швајцарците нема да се откажат од својата работа, или од барањето работа, без разлика на тоа дали предлогот ќе биде усвоен.

Што се однесува до прашањето за странците, поддржувачите на иницијативата се согласија дека овој предлог треба да се однесува на сите кои имаат регулиран престој во државата, без разлика на тоа дали имаат швајцарско државјанство или не. Доколку овој предлог се усвои, Швајцарија ова ќе ја чини околу 25 милијарди франци од државниот буџет.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија