2 милиони странци во Швајцарија, колку од нив се Македонци

Прашањата во врска со имиграцијата во Швајцарија, редовно се ставаат на гласачка кутија во оваа држава. На 28 февруари, граѓаните ќе одлучат дали да ја поддржат иницијатива на Народната партија во Швајцарија, според која ќе се врши директна депортација на странците кои биле осудени за кривично дело.

А кои странски државјани се дел од оваа алпска нација?
Процентуално гледано, Швајцарија е меѓу државите со најмногу странски жители. Според податоците од 2014 година, 24,3% од жителите во оваа земја се странци. Само неколку земји како Луксембург или земјите од Персискиот залив, имаат повеќе странски државјани.

Над 80% од странците кои живеат во Швајцарија, доаѓаат од Европа. Граѓаните на Германија, Италија, Португалија и Франција, заедно сочинуваат речиси половина од сите странски жители. Швајцарија има 2 милиони странци, што е четвртина од вкупното население во оваа земја.

Од нив 3,18% односно 63 516 странци, се Македонци. Од балканските земји кои не се членки на ЕУ, Македонците се трета најбројна нација во Швајцарија. 3,19% односно 78 092 странци доаѓаат од Србија, додека пак 4,99% односно 99 799 странци доаѓаат од Косово.

macedonia-emigriko

Швајцарија е популарна дестинација за имигрантите. Швајцарското државјанство не се добива автоматски, па многу деца на странците кои живеат во Швајцарија, го задржуваат државјанството на нивните родители. Според Сојузниот завод за статистика, од 2014 година вкупно 388.700 странски државјани се всушност родени во Швајцарија.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија