52,8% од младите во Македонија би се иселиле во странство

Дури 52,8% од младите во Македонија би емигрирале во странство. Ова го покажува најновата анализа на Фондацијата Фридрих Еберт , спроведена врз основа на анкета на репрезентативен примерок во земјите од Југоисточна Европа (Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Романија и Словенија)  од период од 2011 до 2015 година.

Најчестата причина поради која би заминале е подобрување на стандардот на живот, пристап до подобри можности за вработување и подобро образование, покажува студијата.

Според податоците во истражувањето  6,2% од младите во Македонија се задоволни од нивото на демократијата во државата, а дури 44,5% рекле дека не се задоволни. Младите се најнезадоволни од институциите, но и од политичките партии.

Во просек, само 15% од младите од овие држави им веруваат на политичките партии. Една од причините за ова, се вели во студијата, е дека дури 70% од младите сметаат дека нивните интереси и размислувања не се претставени од страна на политичарите.

Мал е процентот и на млади кои сметаат дека може да влијаат на владините политики. Само 30,9% од младите во Македонија веруваат дека може да имаат некакво влијание.

Извор: Капитал

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија