7.500€ казна во Австрија за оставање куче во автомобил

Dog waiting inside a car

Со температури кои достигнуваат до 33 степени Целзиусови, сопствениците на кучиња треба да бидат потсетени дека не смеат да ги оставаат своите миленичиња затворени во автомобилите. За таа цел, Австрија воведе построги казни кои можат да достигнат висина од дури 7.500 евра.

На топол ден кога надвор е 34 степени, температурата во возилото може да се зголеми брзо и да стигне дури до шеесетиот Целзиусов степен. Ова може да предизвика ужасна смрт кај животното кое е оставено во автомобилот.

Претседателката на организацијата за заштита на животните во Виена, Ева Перси, вели дека многу сопственици не се свесни дека дури и краткото напуштање на нивниот миленик, може да доведе до бавна смрт. Полицијата во Австрија имаат законско право да го пробијат Вашиот автомобил, ако видат дека кучето е оставено без надзор и е во опасност.

Перси изјави дека во Виена во текот на 2013 и 2014 година, биле поднесени 20 кривични пријави за вакви случаи. Минатата година, еден Австриец беше казнет со 3300 € бидејќи го оставил неговото куче во автомобилот кога надворешната температура изнесувала 30 степени. Тој го оставил прозорецот подотворен, но кога пристигнала полицијата, кучето било пронајдено неподвижно на совозачкото седиште.

Знаци на топлотен удар се тешко дишење, насолзени очи, брзо чукање на срцето, прекумерна жед, треска, вртоглавица, повраќање и губење на свеста. За лекување на топлотниот удар се користат влажни крпи кои се ставаат на главата, вратот и градите на кучето, а исто така важно е пие што повеќе ладна вода или да лиже коцки мраз. Но, некогаш неопходна е и консултација со ветеринар.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија