Qatar Airways ќе вработува македонски стјуардеси

Авиокомпанијата Qatar Airways на 21 март во Скопје ќе организира интервјуа со потенцијалните кандидати од Македонија за кабински персонал (стјуарди и стјуардеси).

Краен рок за аплицирање на овој оглас е 20 март.

Потребни услови кои кандидатот треба да ги исполнува:

– Да има најмалку 21 година

– Досег со рацете од 212 сантиметри

– Најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност

Кандидатите треба да бидат подготвени да се преселат во Доха, Катар, да се отворени и комуникативни, како и способни да работат во мултинационален тим.

Интервјуата ќе се одржат на 21 март 2015, во Холидеј Ин во Скопје, од 9 до 17 часот. Притоа, ќе имате можност да остварите директна комуникација со тимот задолжен за регрутација на нови кадри во компанијата.

Повеќе информации за тоа како да аплицирате и што да понесете со себе на денот на интервјуто, прочитајте овде.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија