Веќе не се доволни 3.600 евра плата за едно семејство во Германија

Германските банки предвидуваат мрачен развој за германските домаќинства во наредните месеци со оглед на скокот на цените на енергијата и храната.

Според нивната пресметка, 3.600 евра нето месечно веќе не се доволни за едно домаќинство, но медиумите што известуваат не наведуваат колку членови има во тоа домаќинство, пренесува магазинот „Феникс“.

Според пресметките на банкарската групација, 60 отсто од домаќинствата веќе го трошат целиот свој месечен приход и дел од заштедите, само за покривање на животните трошоци. Ова го соопшти во вторникот на прес-конференција претседателот на Здружението на германските штедилници и Џиро-банките, Хелмут Шлевис.

Сегашната проценка на состојбата на повеќе од 300.000 правни лица покажа дека на домаќинствата што заработуваат нето помалку од 3.600 евра месечно, со оглед на моментната состојба, на крајот на месецот не им остануваат пари.

Шлевис итно ја советуваше федералната влада да ги земе предвид тие групи на приходи во пакетите за помош што доаѓаат набргу. Впрочем, воздржаното однесување на потрошувачите ќе има негативно влијание врз продажбата на мало и општата економија во оваа земја.

Според Шлевис, не само приватните домаќинства туку и бизнисите може да ги достигнат своите егзистенцијални граници поради инфлацијата и високите цени на енергијата. Банките затоа апелираат да се ограничат цените на енергијата. Домаќинствата и бизнисите исто така би морало да го направат својот дел и да заштедат најмалку 20 проценти од енергијата и да се потпираат сè повеќе на обновливите извори на енергија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО