
Во случај на работа на црно, прекршочно се казнуваат работодавачот и одговорното лице на работодавачот. Според тоа, работникот не одговара.
Прашање:
Почитувани, веќе ги прочитав вашите одговори дека сите последици ќе ги сноси работодавачот кој вработува работници „на црно“. Но, никаде не најдов информација дали и како ќе биде казнет работникот во тој случај. Дали е подобро самиот работник да пријави дека работодавачот веќе некое време го држи „на црно“ или е подобро на пр. Јас како трето лице го пријавувам случајот? Што ако работникот го пријави работодавачот, на пр. само после неколку месеци, а не веднаш?
Одговор:
Во случај работникот да работи „на црно“ односно да е во работен однос во кој работодавачот не го пријавил за задолжително пензиско и здравствено осигурување, односно не плаќа придонеси од плата и на плата, прекршочно се казнуваат работодавачот и одговорното лице на работодавачот. Според тоа, работникот не одговара за прекршок ако работи „на црно“.
Меѓутоа, работникот може да одговара за прекршок ако одбие на инспекторот за труд да му достави јавна исправа врз основа на која може да се потврди и утврди неговиот идентитет и ако неоправдано одбие да даде изјава со податоци и поединости важни за утврдување на фактите во поведениот надзор или ако во таа изјава изнесе неточни податоци и детали.
Овде станува збор за работник кој има право на престој и работа во Германија. Доколку нема право на престој и работа, работникот ќе биде депортиран при што му прети казна: забрана за влез во Шенген Зоната.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.